Дефанзивецот во редовите на Еуромилк, Дарко Иловски беше стрелец на еден од погодоците во ремито со Вардар 2-2.

За „млекарите“ ова е првиот бод сезонава и тоа освоен против актуелниот првак во шампионатот. Охриѓанецот погоди за предност од 1-0, а „црвено црните“ со головите Хименез и Стојков комплетно го свртија резултатот, реми за „сините“ донесе Тодоровски од пенал во финишот на мечот.

Втора победа во вториот натпревар на клупата од Пелистер забележа охридскиот стратег Драган Бочески. Неговите избраниците со 2-1 ја совладаа Ренова и го продолжија победничкиот низ.

Резултати : Еуромилк – Вардар 2-2, Ренова – Пелистер 1-2, Турново – Напредок 4-0, Брегалница – Шкендија 1-1, Металург – Гостивар 4-0, Работнички – Македонија Ѓ.П. 1-0.

Табела: Турново 6, Пелистер 6, Металург 4, Вардар 4, Брегалница 4, Работнички 4, Ренова 1, Еуромилк 1, Шкендија 1, Напредок 1, Македонија ЃП 0, Гостивар 0.