Во куќата на фудбалот, денеска беа извлечени паровите за почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Дерби средбата во првата рунда ќе се одигра во Чаир, каде ќе се сретнат македонските претставници во квалификациите за влез во Лигата на Европа, Шкупи и Шкендија. Бранителот на трофејот Вардар кој го очекува голема неизвесност стартува со Борец во Скопје.

Екипата на Струга Трим Лум гостува кај Ренова, Македонија Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Работнички, Беласица против Силекс, а Пелистер ќе го пречека составот на Академија Пандев.

Фудбалските возбудувања во македонска фудбалска елита стартуваат на 9 август.

OhridNews