Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јованоски е назначен за нов тренер на Работнички. Според постигнатиот договор Јовановски ќе го води тимот од Дебар маало до крајот на првенството со можност договорот да биде продолжен.


Јовановски во својата богата тренерска кариера, во која беше и селектор на репрезентацијата, има седено на клупата на Работнички во периодот 2004-2007 година, кога клубот освои две шампионски титули.

Јовановски доаѓа на местото на Горан Петрески, кој поднесе оставка по пет последователни порази во домашното првенство.

Ohridnews