“Рибарите“ во 28-та рунда ги очекува круцијално гостување кај Тетекс за одржување на прволигашкиот сон. Бодовите од оваа среба се неопходни за двете екипи, затоа фудбалерите немаат избор и мораат да атакуваат на трите бода.

–  Мошне значаен натпревар, знаеме што не чека, и одиме во Тетово да се надигруваме. Секој меч е важен поготово во финишот кога немаме повеќе право на грешка. Ниту Тетекс е во добра форма, па ке се обидеме да го искористиме тоа. Имаме млада екипа желна за докажување и ќе го дадеме последниот атом да стигнеме до поволен резултат. Баражот во моментов е нашата реалност но и преку него очекувам во Охрид и наредната година да се игра прволигашки фудбал – истакна дефанзивецот Дарко Иловски.

Во два натпревари во кои се сретнаа охриѓани со Тетекс, забележаа победа од 3-1 и одиграа нерешено 1-1.

Двојки :

Недела    16:00ч
Ренова  – Брегалница
Тетекс – Охрид 2004
Силекс  – Шкендија
 Работнички – Металург
11 Октомври  – Вардар
Х. Турново – Напредок

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 27 19 8 0 42:9 65
2 same (2) Металург 27 15 10 2 45:12 55
3 same (3) Шкeндијa 27 16 6 5 41:21 54
4 same (4) Ренова 27 10 11 6 40:30 41
5 same (5) Силекс 27 12 3 12 34:37 39
6 same (6) Брегалница 2008 27 11 5 11 39:36 38
7 same (7) Рaбoтнички 27 9 6 12 38:34 33
8 same (8) Нaпрeдoк 27 9 6 12 27:40 33
9 same (9) Хоризонт Турново 27 6 7 14 21:32 25
10 same (10) Охрид 2004 27 6 6 15 21:44 24
11 same (11) Тетекс 27 5 9 13 16:44 24
12 same (12) 11 Октомври 27 2 7 18 21:46 13

Мх.П.