Екипата на Струга Трим Лум, утре со почеток во 14 часот и 30 минути на домашен терен ќе је пречека тетовска Ренова во првата рунда од вториот круг во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено белите“, имаа маестрален вовед во дуелот со „гипсарите“ победувајќи го Работнички во Скопје со 2-1. Мечот во Струга ќе го суди Петар Мантев.

Своја задача во новата рунда од Првата лига ќе има Марјан Ецкоски. Охриѓанецот ќе ја дели правдата на дуелот Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров.

Двојки:

Шкупи – Работнички

Вардар – Борец

Шкендија – Силекс

Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров

Струга Трим Лум – Ренова

Табела: Вардар 21, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга Трим Лум 11, Борец 11, Работнички 10

OhridNews