Екипата на Брегалница каде настапуваат охриѓани Ристе Маркоски и Сашо Ѓорески претрпе пораз од Работнички 2-1.

„Сините“ пред своите гледачи капитулираа во последната минута од натпреварот кога Цикарски ја погоди мрежата за конечни 2-1.

Претходно фудбалерите на Брегалница имаа водство со голот на Здравков, а го анулираше Стојков.

Резултати : Шкендија – Силекс 3-0, Пелистер – Тетекс 3-0, Х. Турново – Металург 1-0, Брегалница – Работнички 1-2, Вардар – Ренова.

Мх.П.