Извондреден старт на тимот охриѓанецот Драган Бочески кој и во втората рунда забележа втора минимална победа од 1-0. Во првата рунда мечот го одлучи Маркоски, додека во Штип против Брегалница победата ја завери Глишиќ.


Оптимист бев пред стартот на мечот, а истото се потврди и на теренот. Само оваа серија да потрае – рече Бочески, кој со тимот на Напредок наредниот викенд го пречекува Вардар.

Два од два и за Металург кој тешко според очекувањата го скрши отпорот на Турново. Творец на победата беше Драговиќ во финишот на мечот.

До првата победа во првенството стигна и Силекс кој на домашен терен беше подобар од Ренова со 2-1. Заревски и Нацев погодија за домашните, додека почесниот гол за Ренова беше дело на Гаши.

Утре играат Шкендија – 11 Октомври, додека колото ќе го заокружат Тетекс – Охрид и Вардар – Работнички со мечевите во вторник.

Резултати: Брегалница – Напредок 0-1, Металург – Турново 1-0, Силекс – Ренова 2-1.

М.П.