Пет од шестте натпревари попладнево ќе се одигра осмото коло од првата Македонска фудбалска лига. Десеткуваната екипата на Напредок ја очекува тешко гостување на Автокоманда, кај Скопје.

Поради суспензија мечот ќе го пропушти Степаноски, додека Цветаноски и Левков се повредени. Во Скопје кичевчани ќе патуваат без својот стратег охриѓанецот Драган Бочески кој е на подготовки со репрезентацијата до 19 години.

И ослабени ќе се обидеме да останеме непоразени, а ако ни се укаже шанса ќе ги грабнеме и трите бода– вели повратникот во тимот Ристе Маркоски.  Не е прв пат кичевчските “ѓаоли“ да одат на гостување без својот шеф. Во второто коло гостуваа на “Филип II“ кај Работнички и се вратија со 0-0.

Двојки 8 коло
Пелистер – Металруг
Скопје – Напредок
Силекс – Работнички
Ренова – Брегалница
Хоризонт – Тетекс
Вардар – Шкендија (недела)

М.П.