Домаќините во последната рунда од есенскиот дел беа дарежливи откако триуфмираа на еден од четири натпревари. Честа пред својата публика ја одбрани Металург откако го торпедираше Охрид со убелдиви 6-0 додека Ренова со цел плен се враќа од гостувањето кај Х. Турново.

Највозблудвиот меч 18-та рунда го одиграа екипите на 11 Октомври – Напредок. Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески во “инфракт“ натпревар осигураа бод откако имаа негатива од 2-0. Домаќините во водство ги донесе офанзивецот Мојсовски кој на два пати ја погоди противничката мрежа. Во последните мигови од мечот стоперот на прилепчани Мирчески си постигна “автогол“ а корпулетниот напаѓач на гостите Главески донесе реми во 90-та минута.

Со натпреварите Вардар – Брегалница и Шкендија – Силекс ќе се комплетира последната рунда од есенскиот дел од првенството.

Резултати: Х. Турново – Ренова 0-1, Металург – Охрид 6-0, 11 Октомври – Напредок 2-2, Тетекс – Работнички 1-1

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар

17 12 5 0 28:7 41
2 same (2) Металург

18 11 6 1 29:7 39
3 same (3) Шкeндијa

17 10 3 4 29:15 33
4 same (4) Силекс

17 8 2 7 23:26 26
5 same (5) Брегалница 2008

17 7 4 6 25:21 25
6 same (6) Ренова

18 5 9 4 23:18 24
7 up (8) Нaпрeдoк

18 6 3 9 16:28 21
8 down (7) Охрид 2004

18 5 5 8 16:27 20
9 same (9) Рaбoтнички

18 5 4 9 24:25 19
10 same (10) Тетекс

18 4 6 8 13:29 18
11 same (11) Хоризонт Турново

18 4 3 11 14:24 15
12 same (12) 11 Октомври

18 2 4 12 15:28 10

Мх.П.