Лидерот во македонскиот фудбалски шампионат, Вардар со победа над Силекс во Кратово 3-0 го започна продолжението од Првата лига.


„Црвено црните“ уште на стартот од мечот со двата погодоци најавија дека ова ќе биде рутински триумф на почетокот од пролетната полусезона.

Печат на победата гостите од Скопје ставија во вториот дел со третиот погодок во мрежата на кратовци.

Иначе, своевремено натпреварите меѓу овие два ривали кои заедно имаат десет титули одлучуваа, кој ќе биде шампион, а овој пат беше само обичен меч.

Резултати : Силекс – Вардар 0-3, Тетекс – Шкендија 1-2, Пелистер – Брегалница 0-1, Работнички – Х. Турново 1-0, Ренова – Металург.

Табела : Вардар 41, Работнички 38, Шкендија 33, Силекс 25, Металург 24 (-1), Ренова 23 (-1), Х.Турново 22, Пелистер 18, Брегалница 16, Тетекс 6.

Фото : Ф.К. Вардар
Ohridnews