По три месечна пауза на програмата се враќаат прволигашките натпреварувања. Кој колку сработил во зимскиот подготвителен период, ќе дознаеме во преостанитете 15 рунди од пролетниот дел. “Реновираниот“ Охрид 2004 походот кон опстанок во првата лига, ќе го започне на домашен терен со  претпоследниот Хоризонт Турново.

Грчевита борба за опстанок ги очекуваат фенерџијата 11 Октомври и десетто пласираниот тим на Тетекс. Во трката за титулата остануваат Вардар и Металург, “комитите“ имаат “сигурна“ предност од пет бодови, додека третопласираната Шкендија “сама“ се отпиша во одбраната на тронот, откако се ослободи од голем број фудбалери кои беа “виновници“ за ланскиот успех.

“Главен“ судија на мечот Охрид 2004 – Турново е интернационалецот Александар Ставрев, помошници му се Кировски Марјан и Костадинов Дејан. Првиот натпревар помеѓу “рибарите“ и Турново, им припадна на охриѓани со 2-1. Стрелци на головите беа Клечкароски и Димоски.

Двојки 19-та рунда, недела 14 часот : Охрид 2004 – Х. Турново, Вардар – Тетекс, Силекс – Металург, Ренова – 11 Октомври, Напредок – Работнички, Брегалнива – Шкендија.

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 18 13 5 0 31:7 44
2 same (2) Металург 18 11 6 1 29:7 39
3 same (3) Шкeндијa 18 11 3 4 31:16 36
4 same (4) Силекс 18 8 2 8 24:28 26
5 same (5) Брегалница 2008 18 7 4 7 25:24 25
6 same (6) Ренова 18 5 9 4 23:18 24
7 same (7) Нaпрeдoк 18 6 3 9 16:28 21
8 same (8) Охрид 2004 18 5 5 8 16:27 20
9 same (9) Рaбoтнички 18 5 4 9 24:25 19
10 same (10) Тетекс 18 4 6 8 13:29 18
11 same (11) Хоризонт Турново 18 4 3 11 14:24 15
12 same (12) 11 Октомври 18 2 4 12 15:28 10

Мх.П.