Без победник и без голови 0-0 заврши дерби пресметката во Првата МФЛ меѓу Пелистер и Вардар одиграна во Битола. Мечот кој се одигра пред три илјади гледачи не донесе квалитетет фудбал, па по 90 минутно мачење на топката ремито беше најреален исход.

На останатиот натпревар Напредок со голот на Димовски славеше против Брегалница во Кочани со 1-0. Првото пролетно коло ќе биде заокружено во четврток со мечот Шкендија – Ренова.

фото : Димитар Петковски
ohridnews