Втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига почна со одредени проблеми поради обилните врнежи на дожд и снег неколку денови во нашата земја.

Натпреварот во Кратово помеѓу Силекс и Скопје дефинитивно нема да се игра поради немање на услови, а дербито Шкендија – Вардар ќе започне после расчистување на снегот на теренот во Тетово.

Останатите мечеви Победа – Пелистер, Работнички – Ренова и Шкупи – Академија Пандев почнаа на време во 14 часот.

OhridNews