Вардар е “старо нов“ првак во Првата македонска фудбалска лига. Со победата 5-0 над Хоризонт Турново “црвено црните“ ја осигураа рекордната седма титула во македонскиот шампионат.

Битката за местото кое обезбедуваше директен опстанок им припадна на фудбалерите на Напредок кои со 2-1 го совладаа Пелистер. Пирова победа забележа Дрита, која со 3-2 славеше против Шкендија.

Од елитата се прости трикратниот првак Силекс, кој за прв пат во историјата се преселува еден ранг подолу и освојувачот на Купот, Тетекс.

Вардар ќе ја преставува Македонија во Лигата на Шампиони додека Тетекс, Металург и Хоризонт Турново ќе играат во Лигата на Европа.

Резултати : Вардар – Х. Турново 5-0, Пелистер – Напредок 1-2, Брегалница – Металург 2-3, Дрита – Шкендија 3-1, Работнички – Тетекс 3-1, Силекс – Ренова 2-2.

Мх.П.