Охриѓанецот Кире Марковски со погодокот во 59-та минута донесе минимален триумф за Работнички 1-0 во дуелот со Македонија ЃП во првиот натпревар од втората рунда во елитата.

Маркоски мрежата на „лавовите“ ја погоди по асистенцијата на Милован Петровиќ што на крајот се покажа како пресуден за трите бодови.

„Романтичарите“ ја забележаа првата победа сезонава, а „лавовите“ по две одиграни средби во прволигашкото друштво сеуште се без освоен бод.

Двојки : Еуромилк – Вардар, Ренова – Пелистер, Турново – Напредок, Брегалница – Шкендија, Металург – Гостивар

                                                                                                                                                             Мх.П.