Охридските фудбалски арбитри Марјан Ецкоски и Стефче Шулески уште на стартот од сезоната во Првата лига добија дерби средби за делење на правдата.

Шулески на центарот ќе се појави во Тетово каде ќе се сретнат екипите на Шкендија и Брегалница. Помошници ќе му бидат Широлов и Божиноски.
Во недостиг на фудбалски клуб од Охрид арбитри се и тоа како голем амбасадор на фудбалот од градот.
Мх.П.










