По ремито на домашен терен со Хоризонт Турново, “рибарите“ бодови ќе бркаат на гостувањето кај фенерџијата на прволигашката табела 11 Октомври. Охриѓани единствената победа во пролетниот дел ја остварија токму над 11 Октомври во Прилеп со 3-0.


Во составот на охридските “бели“ се враќа  Александар Мартиноски.  Дефанзивецот на мечот со Тетекс заработи црвен картон, а одмараше на дуелот со Хоризонт Турново.


Еден од клучните мечеви за нас во шампионатот. Немаме многу солуции, освен победа над последнопласираниот тим на табелата 11 Октомври. Сите фудбалери сме свесни за важноста на натпреварот и ќе направиме се` да извојуваме победа и да го одржиме Охрид во борбата за опстанок – потенцираше Мартиноски.

Двојки :

Сабота 16:30ч  
Ренова – Металург  
Недела 16:30ч  
Шкендија – Брегалница  
Силекс – Вардар  
Работнички – Напредок  
11 Октомври – Охрид   
Х. Турново  – Тетекс  

Табела

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 29 20 9 0 45:11 69
2 same (2) Металург 29 17 10 2 49:12 61
3 same (3) Шкeндијa 29 18 6 5 49:22 60
4 same (4) Ренова 29 10 12 7 42:36 42
5 same (5) Брегалница 2008 29 11 6 12 42:40 39
6 same (6) Силекс 29 12 3 14 35:42 39
7 same (7) Нaпрeдoк 29 10 6 13 30:42 36
8 same (8) Рaбoтнички 29 9 7 13 40:39 34
9 same (9) Хоризонт Турново 29 7 8 14 24:34 29
10 same (10) Тетекс 29 6 10 13 18:45 28
11 same (11) Охрид 2004 29 6 8 15 22:45 26
12 same (12) 11 Октомври 29 2 7 20 21:49 13

Мх.П.