Продолжува победничкиот чекор на Работнички кој се радуваше на победа на “Kукуш“ совалдувајќи го Турново со 2-0. Савиќи Бозиноски по еднаш во двете полувремиња ја затресоа мрежата на домаќините.

Ренова загуби два бода на гостувањето во Битола, откако ремизираше 1-1 со Пелистер. Гипсарите до 1-0 преднсот стигнаа благодарение на Јанчески, додека резултатската симетрија ја врати Вељаноски.

Најубедливата победа ја постигна Силекс кој во Кратово со 4-0 го совлада Милано. Зарески на двапати, Шакиќ и андонов беа стрелци во убедливата победа.

До убедлива победа стигна и актуелниот првак Македонија ЃП која во “Ѓорче Петров“ со 4-1 ја совлада Слога Ј. Брњарчевски, Лена и репрезентативецот Мојсов на двапати погодија за “лавовите“ додека почесниот гол за Слога беше дело на  Аломеровиќ.

Без голови завршија натпреварите Тетекс – Металург и Вардар – Победа.

Табела

1 РАБ Работнички

5  4  1  0  10:2  13 
2 РЕН Ренова

5  3  1  1  8:5  10 
3 СИЛ Силекс

5  2  3  0  11:6  9 
4 МЃП Македонија Ѓ.П.

5  2  2  1  11:4  8 
5 ХОР Хоризонт Т.

5  2  2  1  7:5  8 
6 ПЕЛ Пелистер

5  2  2  1  6:6  8 
7 ТЕТ Тетекс

5  1  2  2  6:7  5 
8 СЛО Слога Ј.

5  1  2  2  4:7  5 
9 ВАР Вардар

5  1  2  2  6:10  5 
10 МЕТ Металург

5  0  4  1  5:6  4 
11 ПОБ Победа

5  0  3  2  4:8  0 
12 МИЛ Милано

5  0  0  5  1:13  0 
ohridnews