Лидерот на табелата во првата лига Вардар со крупни чекори ита кон
титулата откако со убедливи 5-1 го торпедираше составот на Напредок.
Натпреварот го одбележа репрезентативецот Филип Иваноски кој постигна
“покер“ погодоци во мрежата на Зердески. Еднаш за “црвено црните“
прецизен беше бразилецот Лико додека почесниот погодок за кичевчани го
постигна Небиу.

Резултати: Вардар – Напредок 5-1, Металург – 11 Октомври 0-0, Брегалница – Ренова 3-2, Тетекс – Х. Турново 0-3, Силекс – Охрид 1-0.

Табела:

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 14 11 3 0 25:6 36
2 same (2) Металург 14 8 5 1 19:6 29
3 same (3) Шкeндијa 13 8 1 4 23:12 25
4 up (5) Силекс 14 7 1 6 17:22 22
5 down (4) Охрид 2004 14 5 4 5 15:17 19
6 same (6) Ренова 14 4 6 4 19:15 18
7 up (9) Брегалница 2008 14 5 3 6 20:20 18
8 down (7) Нaпрeдoк 14 5 1 8 13:24 16
9 down (8) Рaбoтнички 13 4 3 6 20:19 15
10 same (10) Тетекс 14 3 5 6 11:22 14
11 same (11) Хоризонт Турново 14 3 3 8 13:20 12
12 same (12) 11 Октомври 14 1 3 10 10:22 6

Мх.П.