Дерби мечот од Првата МФЛ се игра на Градски во Скопје каде ќе е судрат актуелниот фудбалски шампион Работнички и лидерот на табелата Вардар.

Работнички е се уште непоразен но има шест “икса“ на своето конто.

Вардар кој во изминатите неколку дена беше во центарот на вниманието поради заминувањето на Ратко Достаниќ е прв со 18 бода.

Формално Работничи е домаќин мечот па комитите ќе може да дојдат на Градски и да го бодрат својот тим.

Главен судија на мечот е Александар Ставрев

На останатите натпревари играат :

Сабота 14 часот
Кратово : Силекс – Победа

Недела 14 часпт
Ѓорче Петров : МакедонијаЃП – Милано
Кичево : Напредок – Пелистер
Турново : Хоризонт Т – Ренова

Металург е слободен

ТАБЕЛА

тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Вардар 7 6 0 1 18 5 18
Македонија Ѓ.П. 7 5 2 0 19 4 17
Милано 7 4 1 2 16 8 13
Ренова 7 4 1 2 8 8 13
Пелистер 7 3 1 3 11 12 10
Победа 8 3 1 4 10 18 10
Работнички 7 1 6 0 8 7 9
Силекс 8 0 5 3 3 8 5
Металург 8 1 2 5 5 11 5
Хоризонт Турново 7 1 2 4 4 12 5
Напредок 7 0 3 4 5 14 3

М.П.