Фудбалерите на Работнички го фатија последниот воз за Европа победувајќи го составот на Скопје (3-2) во последната рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Поразот од „романтичарите“ за екипата на Скопје значеше испаѓање од елитата. Покрај скопјани еден ранг подолу ќе се пресели и битолски Пелистер кој изгуби 4-0 од Шкендија на гостувањето во Тетово.

Последна шанса за опстанок во Првата лига ќе има Победа која пред своите гледачи го совлада тимот на Ренова со 1-0 и обезбеди бараж меч со подобрата екипа од второпласираните во Втората лига.

Резултати: Академија Пандев – Силекс 1-2, Победа – Ренова 1-0, Работнички – Скопје 3-2, Шкендија – Пелистер 4-0, Шкупи – Вардар 4-1.

Табела: Шкендија 91, Вардар 56, Работнички 52, Шкупи 51, Силекс 50, Академија Пандев 42, Ренова 41, Победа 38, Скопје 35, Пелистер 34.

OhridNews