Ренова со “покер“ во мрежата го торпедираше Напредок во првиот натпревар од 21-та рунда во првата македонска фудбалска лига.

Јанчевски прв ја начна мрежата на кичевчани, продолжи Емини во вториот дел. Третиот погодок беше дело на Фетаи додека конечните 4-0 ги постави Емини со вториот гол на мечот.

Колото во првата лига ќе се комплетира со натпреварите : Охрид 2004 – Работнички, Вардар – Металург, Шкендија – Тетекс, Брегалница – Хоризонт Турново, Силекс – 11 Октомври.

Мх.П.