Кратко, само една сезона траеше авантура на Младост Царев Двор во Првата македонска фудбалска лига која заврши неславно со завршувањето на последната позиција на табелата.


Поразот од Ренова (4-0) на домашен терен во последниот меч од шампионатот најдобро ја опишува дебитанската и кошмарната сезона на „зелено белите“ во елитата.

На „гипсарите“ им беше потребен бод за опстанок без дополнителни мечеви во Првата лига, а тие не оставија на случајност и ги освоија трите.

Гостите од Џепчиште постигнаа по два голови во двете полувремиња за убедлив триумф кој им гарантираше елитен фудбал и следната сезона.


Младост и Металург директно испаѓаат од Првата лига додека во бараж двомечот со Пелистер екипата на Хоризонт Турново ќе брка опстанок.

Нови членови во елитата се Победа и Македонија Ѓорче Петров кои ги освоија првите две места во Втората лига.

OhridNews