Екипата на Ренова славеше триумф над Металург со 3-1 во дербито на средината од табелата во Првата лига.


„Гипсарите“ во вториот дел успеаја да ја анулираат минималната предност на гостите и да забележат значајна победа во трката за опстанок.

Со мечот во Тетово се комплетираше првата рунда од пролетната полусезона и го најави почетокот на третата и последна фаза во македонскиот шампионат.

Мх.П.