Шестата рунда во најдобрата фудбалска лига во Македонија помина во знакот на гостите, кои, успеаја да победат на четири од петте натпревари кои се одиграа.

На победи на гостински терен се радуваа Академија Пандев, Беласица, Шкендија и Вардар, додека предноста од домашниот терен ја капитализираше само Шкупи.

„Академците“ ја совладаа Победа (4-2), Беласица славеше (2-0) во Тетово против Ренова, Шкендија триумфално мина низ Кратово победувајќи го Силекс (2-1), а Вардар со 2-0 триумфираше во дербито со Работнички. Шкупи во Чаир со 2-1 го совлада Македонија ЃП.

Резултати: Победа – Академија Пандев 2-4, Ренова – Беласица 0-2, Шкупи – Македонија ЃП 2-1, Силекс – Шкендија 1-2, Работнички – Вардар 0-2.

Табела: Академија Пандев 15, Шкендија 14, Вардар 14, Работнички 9, Победа 8, Шкупи 5, Силекс 5, Беласица 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3.

OhridNews