Повратникот во македонската фудбалска елита Тетекс ремизираше 2-2 со актуелниот шампион Македонија ЃП , на стартот на новото 18- то првенство во Македонија.
“Штофарите“ до предност стигнаа со голот на Јованоски во финишот на првиот дел, Иваноски во 71 минута изрaмна на 1-1, а превсртот го најави Клечкароски во 84 минута. Сепак во последната минута од судиското надполнување Милошевиќ со глава погоди за огромен бод и големо славје за “војводите“.
Ренова со играч повеќе беше поубедлива од Милано, победувајќи со 2-0 во Куманово, Нухии и Јанчески по еднаш погодија во двете полувремиња за фудбалерите на Костов.
Некогаш големото дерби Силекс – Вардар заврши без победник 1-1. Екс фудбалерот на Силекс, Ступиќ го довдеде Вардар во предност на петнаесет минути пред крајот, а во судиското надополнување Бошковски ги постави конечените 1-1.
Единствениот натпревар без голови го одиграа Пелистер и Слога Ј под “Тумбе кафе“
Утре играат Металург – Работнички, а в понеделник Х.Турново – Победа.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...