Водечките екипи во Првата лига, Вардар и Шкендија запишаа нови победи, откако со 3-1 и 2-0 ги совладаа екипите на Македонија Ѓорче Петров односно Беласица во 12-та рунда од шампионатот.

Фудбалерите на Вардар победата ја обезбедија во финишот од натпреварот, додека тетовските „црвено црни“ со по еден погодок ја осигураа победата на стадионот во „Младост“ во Струмица.

Силекс падна на дното од табелата после ремито со Ренова и победата на Шкупи над Академија Пандев (1-0).

Резултати: Македонија ЃП – Вардар 1-3, Беласица – Шкендија 0-2, Ренова – Силекс 1-1, Работнички – Победа 3-1, Шкупи – Академија Пандев 1-0.

Табела: Вардар 27, Шкендија 25, Академија Пандев 19, Работнички 17, Победа 14, Ренова 13, Македонија ЃП 13, Беласица 13, Шкупи 12, Силекс 11.

OhridNews