Фудбалерите на Силекс пред своите гледачи со 3-1 го совладаа составот на Шкендија и го промовираа Вардар во есенски првак во Првата македонска фудбалска лига.


Скопските „црвено црни“ не успеаја сами да ја осигураат титулата во дербито со Работнички кое заврши без победник 1-1, па „побараа“ помош од кратовчани кои го кутнаа второпласираниот тим на табелата.

За тетовчани поразот во Кратово е прв сезонава на гостински терен, но дојде во најлош миг кога тимот минува низ резултатска криза.

Првата полусезона во елитата ќе се комплетира в среда кога на програмата се натпреварите од 18-та рунда.

Резултати : Работнички – Вардар 1-1, Шкупи – Младост ЦД 5-0, Силекс – Шкендија 3-1, Ренова – Металург одложена, Х. Турново – Брегалница 2-0.

Табела : Вардар 40, Шкендија 35, Силекс 26, Шкупи 24, Работнички 23, Турново 20, Ренова 17, Брегалница 16, Младост ЦД 13, Металург 12.

Фото : Архива
Мх.П.