Екипите од долниот дел на табелата остварија значајни победи во 20-та рунда од првата македонската фудбалска лига. Работнички заличи на себе и со “петарда“ ја почасти Ренова, Хоризонт Турново во 90-та минута обезбеди победа над Силекс 2-1 а Металург преку Симоновски во последните мигови го скрши отпорот на Брегалница. Охрид 2004 во дербито на дното забележа победа, со која го “отпиша“ 11 Октомври до првата лига.

Двојки : Металург – Брегалница 1-0, Работнички – Ренова 5-1, Турново – Силекс 2-1, 11 Октомври – Охрид 0-3.

Табела:

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 19 14 5 0 32:7 47
2 same (2) Металург 20 12 7 1 31:8 43
3 same (3) Шкeндијa 19 12 3 4 34:18 39
4 same (4) Силекс 20 8 3 9 26:31 27
5 same (5) Ренова 20 5 10 5 25:24 25
6 same (6) Брегалница 2008 20 7 4 9 27:28 25
7 up (8) Охрид 2004 20 6 6 8 19:27 24
8 up (9) Рaбoтнички 20 6 5 9 30:27 23
9 down (7) Нaпрeдoк 19 6 4 9 17:29 22
10 up (11) Хоризонт Турново 20 5 4 11 16:25 19
11 down (10) Тетекс 19 4 6 9 13:30 18
12 same (12) 11 Октомври 20 2 5 13 16:32 11

Мх.П.