Работнички со 2-0 го совлада Металург во скопското дерби додека Ренова со идентична победа како “романтичарите“го совладаа Силекс.

Дербито за Металург започна во непосакуван правец откако голманот Павловиќ заработи црвен картон во втората минута од мечот. Бројчаната предност на теренот “романтичарите“ ја искористија во 14-та минута кога Плазибат погоди за водсвто. Фудбалерот од средниот ред на Работнички во 66-та минута ја запечати победа.

Шестата рунда од првата македонска фудбалска лига ќе се комплетира со натпреварите Х. Турново – Брегалница, Напредок – Шкендија, Тетекс – Пелистер, Вардар – Дрита.

Мх.П.