Со натпреварите од 12.коло ќе започне вториот круг во Првата македонска фудбалска лига. Лидерот Вардар по одигрувањето на првите 11 кола е без пораз, а втората фаза ќе ја почне на домашен терен против 11 Октомври од Прилеп.


На другите четири саботни средби играат: Тетекс – Металург, Брегалница – Работнички, Силекс – Напредок и Охрид – Ренова. Почетокот на натпреварите е во 14 часот.

Колото ќе биде комплетирано в недела со натпреварот Шкендија – Хоризонт Турново. Овој дуел почнува во 13 часот.

Табела: Вардар 27 бодови, Металург 22, Шкендија 21, Силекс 16, Напредок 16, Работнички 15, Охрид 15, Ренова 14, Тетекс 14, Брегалница 9, Хоризонт Турново 9 и 11 Октомври 4.

Ohridnews