Фудбалерите на Струга Трим Лум освоија три бодови на гостувањето во Велес, победувајќи го Борец со минимални 1-0 додека Силекс го доби дербито на дното од табелата, совладувајќи го Вардар со убедливи 6-0.

Стружани победата ја обезбедија со погодокот на дефанзивецот Јасмин Мециновиќ на стартот од второто полувреме. Мециновиќ највисоко скокна после нафрлувањето од корнер и со глава ја смести топката во домашната мрежа.

Кратовчани побегнаа од местото на табелата кое води во понизок ранг, победувајќи го Вардар со 6-0. Силекс високиот триумф го најави на почетокот од мечот, постигнувајќи два погодоци за брзо водство. Потоа беше се полесно, а таквиот развој на настаните донесе уште четири голови во мрежата на гостите.

  • Резултати:

Академија Пандев – Шкупи 0-1

Беласица – Македонија ЃП 0-2

Борец – Струга Трим Лум 0-1

Ренова – Шкендија 0-3

Силекс – Вардар 6-0

Работнички – Пелистер 3-1

Табела: Шкендија 59, Шкупи 49, Македонија ЃП 44, Струга Трим Лум 40, Работнички 39, Борец 33, Пелистер 32, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 27, Вардар 27, Беласица 14.

OhridNews