Два порази во два натпревари, без даден гол е исходот на “рибарите“ сезонава во мечевите со лидерот на табелата Вардар. Во есенскиот дел на домашен терен Охрид претрпе пораз од 2-0, отпорот прв го скрши Илиевски а конечните 2-0 ги постави Ранѓеловиќ.


На гостувањето во Скопје, во Ѓорче Петров “рибарите“ предводени од српскиот стратег Драган Антиќ издржаа до 90-та минута, кога Вељаноски беше прецизен за минимална победа на “црвено црните“. Во третиот натпревар сезонава, охриѓани против Вардар ќе ги води трет тренер. На првиот ги водеше Цветаноски, на вториот во Скопје, Антиќ а сега на клупата е Цветкоски.


Охрид 2004 во пет натпревари од пролетниот дел забележаа еден триумф, едно реми и три порази, последниот од Металург на “Атина Бојаџи“ беше најубледив со 4-1.

Двојки :

Брегалница 2008  – Напредок
Вардар  – Охрид 2004
Металург   – Тетекс
Ренова   – 11 Октомври
Силекс   – Работнички
Четврток  
Шкендија – Х. Турново

Табела:

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Вардар 24 18 6 0 38:9 60
2 same (2) Металург 24 13 9 2 36:11 48
3 same (3) Шкeндијa 24 14 5 5 37:19 47
4 same (4) Ренова 24 8 11 5 35:25 35
5 same (5) Силекс 24 10 3 11 31:35 33
6 same (6) Брегалница 2008 24 9 5 10 33:32 32
7 same (7) Рaбoтнички 24 8 6 10 35:31 30
8 same (8) Нaпрeдoк 24 7 6 11 21:35 27
9 same (9) Охрид 2004 24 6 6 12 20:36 24
10 same (10) Хоризонт Турново 24 6 5 13 19:29 23
11 same (11) Тетекс 24 5 8 11 15:37 23
12 same (12) 11 Октомври 24 2 6 16 18:39 12

Мх.П.