Тетекс го совлада Скопје на пенали 5-4 и го зачува прволигашкиот статус. Мечот по 120 минути игра заврши без голови 0-0. Трагичар за скопјани е Јашаровски кој беше единствениот кој не успеа да ја погоди целта.

Последниот патник во прволигашкото друштво ќе биде познат утре кога во бараж мечот се среќаваат Хоризонт Турново и Еуромилк.