Три победи на петте меча за домаќините во некомплтеното 17 коло од првата македонска фудбалска лига.


Тимот на охриѓанецот Драган Бочески, Напредок ја прекина серијата порази и минимално со 1-0 го совлада Турново . Стрелец  на единствениот гол беше Цветаноски во последната минута од првиот дел.

Работнички ја прекина серијата од осум порази откако со убедливи 3-1 славеше над “фенерџијата“ 11 Октомври . Петковски , Савиќ и Маневски погодија за “романтичарите“, а поразот го ублажи Гешовски


Без победник 1-1 заврши дерби пресметката меѓу Силекс и Вардар. Лико го доведе “црвено-црниот“ тим во предност, која ја анулираше Јовановиќ во финишот на мечот.

Штипска Брегалница ја продолжи победничката низа, а нова жртва беше Тетекс. Здравков во првото и Стојанов во вториот дел погодија за “сините“ за 2-0 триумф.


Ренова и десетчлениот Металург ги подлија бодовите  играјќи 1-1.  Скопјани во 11 минута, останаа со играч помалку по исклучувањето на Кралевски , сигурен реализатор од белата точка беше Јанчевски. Во финишот на мечот по кардиналната грешка на домашниот голман Илијески го изедначи резултатот.

Колото ќе биде заокружено со мечот Охрид – Шкендија во понеделник.

mесто   екипа К П Н И Г.р Б
1 Вардар

17 12 5 0 28:7 41
2 Металург

17 10 6 1 23:7 36
3 Шкeндијa

16 9 3 4 27:14 30
4 Силекс

17 8 2 7 23:26 26
5 Брегалница 2008

17 7 4 6 25:21 25
6 Ренова

17 4 9 4 22:18 21
7 Охрид 2004

16 5 5 6 15:19 20
8 Нaпрeдoк

17 6 2 9 14:26 20
9 Рaбoтнички

17 5 3 9 23:24 18
10 Тетекс

17 4 5 8 12:28 17
11 Хоризонт Турново

17 4 3 10 14:23 15
12 11 Октомври

17 2 3 12 13:26 9
Ohridnews