Првакот на Македонија во јубилејното 20-то издание од првата лига Вардар го донесе второто засилување во своите редови. Новото име во составот на Вардар е фудбалерот на Силекс, Темелков. Првото засилување за “црвено црните“ беше Драган Георгиев од Хоризонт Турново.

Еден од трите преставници на Македонија во Лигата на Европа, Шкендија остана без услугите на уште еден фудбалер дефанзивецот Цуцули. Ланскиот првак ја напуштија Аломеровиќ, Ниќитовиќ и Пеев кои го засилија Металург додека напаѓачот Сали фудбалската кариера ја продолжи во Романија.


Се очекува припремите за квалификациските дуели во Лигата на Европа, Шкендија да ги одработи во Охрид каде веќе се наоѓаат Металург и Ренова.

Мх.П.