Најтрофејниот клуб и лидерот на табелата во Првата лига, Вардар е следен ривал на Струга Трим Лум во македонската фудбалска елита. Мечот од 11-та рунда ќе се одигра в сабота (утре) во 13 часот на Градскиот стадион во Струга.

„Црвено белите“, последниов период бележат позитивни резултати и дерби средбата со водечката екипа ќе биде вистински испит и меч за уживање за сите стружани. Домашниот терен е главен адут на Струга Трим Лум, додека Вардар во досегашниот дел од сезоната нема претрпено пораз.

Дербито на колото ќе го суди Васко Мавров од Струмица. Асистенти ќе му бидат Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски исто така од Струмица.

Двојки 11.рунда:

Силекс – Шкупи

Струга ТЛ – Вардар

Ренова – Академија Пандев

Борец – Македонија ЃП

Работнички – Шкендија

Табела: Вардар 30, Академија Пандев 25, Шкендија 18, Шкупи 18, Силекс 18, Македонија ЃП 17, Струга ТЛ 15, Ренова 14, Борец 14, Работнички 11

OhridNews