Лидерот на табелата во фудбалска елита, Шкендија ја зголеми предноста на осум бодови во однос на  второпласираниот Вардар, откако со мининални (1-0) славеше во дербито во Тетово на стартот од пролетната полусезона.

„Еден два“ дербито во Тетово го одбележа победничкиот погодок на Шкендија кој го постигна Омар Емери и непризнатиот погодок на Вардар. Имери за водство и конечен триумф погоди во 23-та минута, додека судиите останаа неми после проектилот на Најдовски, кога топката од гредата заврши зад линијата на домашниот голман.

Зачудувачки е фактот што на дербито помеѓу Шкендија и Вардар имаше и помошни судии зад голот, кои баш за вакви ситуации мора правилно да реагираат, но овој пат не беа на висина од задачата.

Резултати: Академија Пандев – Македонија ЃП 3-0, Победа – Беласица 1-1, Работнички – Ренова 1-1, Шкендија – Вардар 1-0, Силекс- Шкупи 2-2.

Табела: Шкендија 43, Вардар 35, А. Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18, Беласица 18.

OhridNews