Металруг ја забележа првата победа на подготовките во Охрид, откако  минимално со 1-0  го совладаа второлигашот Еуромилк.  Мируваа мрежите во првите 45 минути, а победничкиот гол “падна“ на средина од вториот дел кога новајлијата Начевски искористи едно додавање изби сам пред гостинискиот голман и го матираше.


Одлични прилики во вториот дел од мечот имаа Симовски и Ѓуриќ но до промена на резултатот на дојде.

–    Добра контрола за нас во која одиграа две комбинирани екипи, во првиот дел повеќе се мачевме но тоа е одраз на посилните тренизи, во вториот дел играчите кои добија ша дадоа максимумот , покажаа некои позитивни работи кои треба да го красат тимот во продолжението на сезоната – рече Караџов.

Металург викендов го очекува двоен тест, прво в сабота со Тетекс, додека в недела ќе оди во Струга на контрола со второлигашот Влазними.

М.П.