Во деветтото коло во Премиер лигата екипа на Њукасл ја забележа првата победа сезонава совладувајќи го Норвич со убедливи 6-2.


Најзаслужен за првата радост на „страчките“ по серијата лоши резултати беше Жеоржињо Вајналдум кој постигна четири погодоци. По еднаш мрежата ја погодија Митровиќ и Ајозе додека головите за Норвиќ ги реализираа Мбокони и Редмонд.


Деветтата рунда во Премиер лигата ќе се комплетира со мечот меѓу Свонси и Стоук во понеделник во 21часот.

Ohridnews