Репрезентацијата на Аргентина како гостин со 1-0 ја совлада селекцијата на Колумбија за прва радост во квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година.


Стрелец на победничкиот погодок за „гаучосите“ беше Лукас Биљиа во 20-та минута од натпреварот.


Лидерот на табелата во Јужна Америка, Еквадор го задржа стопроцетниот ефект победувајќи ја Венецуела со 3-1.

Резултати : Колумбија – Аргентина 0-1, Венецуела – Еквадор 1-3, Парагвај – Боливија 2-1, Уругвај – Чиле 3-0, Бразил – Перу 3-0.

Табела : Еквадор 12, Уругвај 9, Бразил 7, Парагвај 7, Чиле 7, Аргентина 5, Колумбија 4, Боливија 3, Перу 3, Венецуеала 0.

Ohridnews