Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја забележаа првата победа во Евролигата совладувајќи ја Барселона со 90-82 (24-13, 20-19, 18-25, 28-25) во втората рунда од шампионатот.
„Црвено белите“ до триумфот пред своите гледачи дојдоа со серија 7-2 во финишот иако во текот на мечот имаа водство и од 14 поени разлика.
Првата четвртина домашните кошаркари ја започнаа фуриозно и тоа им донесе двоцифрена предност (24-13). Во втората одиграа нешто посмирено и ја зголемија разликата на семафорот за еден поен (20-19) за водство 44-32 на полувремето.
На стартот од третиот период „делиите“ стигнаа до највисоките 14 поени предност. И кога каталонците беа отпишани со серија поени ја раситнаа двоцифрената негатива и стигнаа до минус пет 62-57 пред решавачките десет минути.
Таму поентерски се распукаа двата состави. Барселона успеа комплетно да ја анулираа предноста и да го преземе водството (80-79). Но, домаќините одговорија со серија 7-2 после кои го вратија водството (86-82) и го задржаа до крајот на мечот.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ реализираше десет поени со дополнителни 9 скокови. Најпрецизен беше Милко Бјелица со 23 поени, а Тејлор Рочести реализираше еден помалку. Во гостинскиот состав се истакна Томас Хуертел со 14 кошеви.
OhridNews