Натпреварите во фудбалска Европа продолжуваат со првите мечеви од 1/4 финалето во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.
Најпривлечни натпревари се дуелите помеѓу Ајакс – Шалке и Лион – Бешикташ, додека најмногу внимание му се посветува на мечот во Белгија, Андерлехт – Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа го гледаат спасот за учество во Лигата на Шампиони, бидејќи не им оди најдобро во Премиер лигата. За потсетување, шампионот во Лигата на Европа обезбедува директен пласман следоната сезона во ЛШ.
Четирите натпревари на програмата се во 21 часот и 5 минути.
Двојки:
Ајакс – Шалке
Лион – Бешикташ
Андерлехт – Мен Ју
Селта Виго – Генк