Со мечевите од Е-Х сегментот ќе се комплетира првата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Во фокусот од вечерашните осум натпревари ќе бидат англиско-шпанската пресметка помеѓу Ливерпул – Севиља и дуелот на Вембли, Тотенхем – Борусија Дортмунд.

Бранителот на трофејот во ЛШ, Реал Мадрид започнува на домашен терен против АПОЕЛ, додека четата на Пеп Гвардиола има сериозен испит во Холандија кај Феенорд.

Двојки:

Група Е: Ливерпул – Севиља, Марибор – Спартак Москва

Група Ф: Феенорд – Мен Сити, Шахтјор Доњецк – Наполи

Група Г: Порто – Бешикташ, Лајпциг – Монако

Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ, Тотенхем – Борусија Дортмунд

OhridNews