Прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник насловена „Убавините на езерото, градот и спортот“
22.12.25 12:45
„Убавините на езерото, градот и спортот“ е насловена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник што ќе биде отворена во петок, 26-ти декември, со почеток во 19 часот во Младински Центар Охрид.
Преку објективот на Петар Паунче – Скитник, ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сé љубовта кон малите и големите нешта што животот и природата ни го даваат.
Петар Паунче-Скитник е роден во Охрид, на 07.08.1974 година. Потекнувајќи од познато фотографско семејство, од мали нозе се запознава со убавината на светот гледана преку објективот на камерата. Низ годините преку своите фотографии успешно ја доловува смеата на непознатите туристи, моќта на езерските бранови, мирното пловење на едрилиците, упорноста на маратонците и водената игра на малите палавковци. Старата калдрма, и куќите коишто горделиво испишуваат историја, бројните цркви коишто како кралици се протегаат над езерската шир се бајковито пресликани преку малиот објектив на Скитник.
Промотор на изложбата ќе биде режисерот Илија Пиперкоски, а истата е под покровителство на Општина Охрид.
Во рамки на програмата на Кино „Четврток“ во Охрид на 5 март ќе се одржи проекција на документарниот филм „Третиот свет“ посветен на легендарниот бенд Haustor и креативниот однос меѓу две значајни ...
Со настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво” втора година по ред иницијативата „Збогум Буково“ на еден поинаков начин го обележува 8 Март, Интернационалниот ден на жената Акцијата годинава ќе се ре...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Во недела ќе се одржи н...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.