Прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник насловена „Убавините на езерото, градот и спортот“
22.12.25 12:45
„Убавините на езерото, градот и спортот“ е насловена првата самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче – Скитник што ќе биде отворена во петок, 26-ти декември, со почеток во 19 часот во Младински Центар Охрид.
Преку објективот на Петар Паунче – Скитник, ќе ја доживеете смеата, тагата, возбудата, мирот и пред сé љубовта кон малите и големите нешта што животот и природата ни го даваат.
Петар Паунче-Скитник е роден во Охрид, на 07.08.1974 година. Потекнувајќи од познато фотографско семејство, од мали нозе се запознава со убавината на светот гледана преку објективот на камерата. Низ годините преку своите фотографии успешно ја доловува смеата на непознатите туристи, моќта на езерските бранови, мирното пловење на едрилиците, упорноста на маратонците и водената игра на малите палавковци. Старата калдрма, и куќите коишто горделиво испишуваат историја, бројните цркви коишто како кралици се протегаат над езерската шир се бајковито пресликани преку малиот објектив на Скитник.
Промотор на изложбата ќе биде режисерот Илија Пиперкоски, а истата е под покровителство на Општина Охрид.
ГРК Охрид денес и утре во СРЦ „Билјанини извори“ ќе го одигра двомечот со литвански Драгунас Клаипеда во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот куп Ракометарите се надеваат на победа во двата натп...
СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради претстојната официјалната посета на премиерот на РАлбанија Еди Рама, утре, 22112026 година, започнувајќи од 06:00 часот, заклучно со 17:00 часот ќе бида...
Мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство е најавен за денес од 12 до 14 часот во Охрид Од „Охрид не молчит“ посочуваат дека целта е да се испрати јасна по...