Екипата на Филаделфија Иглс за првпат во својата историја стана шампион на НФЛ-лигата откако ноќеска во Супербоул финалете го победи бранителот на тронот Њу Ингланд Патриотс со 41:33.

Натпреварот во Минеаполис помина со многу пресврти, а најкорисниот играч на сезоната Том Брејди имаше шанса да му помогне на својот тим во последните две и пол минути да го избегне поразот, но новите шампиони успешно се одбранија и стигнаа до историскиот триумф. Признанието МВП во финалниот дуел му припадна на квотербекот на Филаделфија, Ник Фолс.

Токму Фолс е првиот резервен квотербек кој го освоил Суперболот уште од Том Брејди во 2001 година. Тој во декември го замени повредениот Карсон Венс кој беше стартен квотербек во тимот на Филаделфија.

OhridNews