Од денеска до петок во Трпејца ќе се одржува Првата уметничка колонија „Трпејца, 2018“. На нејзиното прво издание учествуваат петмина уметници од Македонија: Гоце и Владимир Илиески, Свето Стефаноски од Скопје, Ѓоко Симјаноски и Слободан Пупиноски од Охрид. Уметниците ќе творат во живописните предели во и околу Трпејца, а во догледно време од создадените дела ќе биде отворена и изложба.

Утре, уметниците ќе се дружат и заедно ќе сликаат  со учениците од подрачното ОУ „Св.Наум Охридски“ во Трпејца.

Иницијатор и организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ финансиски помогнато со средства од проектот Нов културен бран на Министерството за култура на РМ.

Организаторите планираат колонијата да стане традиционална и да биде интернационална.

OhridNews