По овие активности, ќе следи и најавеното асфалтирање на улиците “Петрино“, “Богомилска“, “Крум Точков“ и крак од “Васил Стефоски“.
Како што објасна градоначалникот Никола Бакрачески, до пролонгирање на предвидениот рок за завршување на градежните активности дошло поради тоа што се појавиле одредени проблеми при изведувањето на активностите.
– При подготвувањето за асфалтирање на кракот од „Крум Точков“, нашите служби увидоа дефекти во водоводната мрежа и дека сеуште не се заменати старите азбестни цевки. Од тие причини,се направи план за реконструкција на водоводната мрежа, па потоа да се изврши асфалтирање, рече Бакрачески.
На некои од предвидените улици за асфалтирање, било утврдено дека тлото не е соодветно за асфалтирање, поради што било неопходно прво да се изврши тампонирање.
Се очекува градежните активности за асфалтирање на наведените улици да завршат до средината на месец август.












