Режисерот Зак Снајдер на Твитер објавил фотографија на Бен Афлек во костумот на Бетмен, снимана за потребите на новиот филм „Batman vs. Superman“. Станува збор за проект во кој по прв пат заедно ќе се појават јунаците Бетмен, Супермен и Вондер Воман.
Хенри Кевил ќе ја репризира улогата на Супермен, Гал Гадот ќе ја игра хероината Вондер Воман, додека Џеси Ајсенберг ќе го толкува ликот на Лекс Лутор. Џереми Ајронс ќе биде Алфред Пениворт, батлерот на Бетмен. Во суперхеројскиот блокбастер ѕвездената актерка екипа ќе ја надополнат Еми Адамс, Дајан Лејн и Лоренс Фишбурн.